Околу 900 деца од Охрид, Дебрца и околните места денеска преку песна и дефиле го најавија Христовото раѓање.
Дечињата се ангелите кои громогласно го навестуваат раѓањето на Господа Исуса Христа.
Во оваа седма по ред бадникова поворка учествуваа дечиња од целиот охридски регион и пошироко, каде што преку песна и дефиле низ охридските улици го најавуваат Христовото раѓање. Овогодинешната поворка започна од црквата Св. Ѓоргија од каде што дечињата беа упатени од Отец Александар кај црквата Успение на Пресвета Богородица, Каменско и беа топло пречекани од Отец Димче. Потоа таткото на градот, г-динот Константин Георгиевски им додели пакетчиња и топло ги поздрави.

-Возвишено е чуството да се биде дел од оваа културно-верска манифестација. Традицијата и обичаите се клетката на битието на секој народ и ваквите настани се во духот на Христијанството и вербата во Бога - рече Георгиевски
За оваа бадникова поворка се погрижи одборот на православни христијани кои секоја година неуморно припремаат со проби.
ГАЛЕРИЈА:
Фото: Ристе Спироски