- На 15 јули 1990 година беше осветена убавата црква Света Троица во Дебело Поле, на периферија од Охрид, во населбата "Радоица Новичиќ". Најактивен и најзаслужен човек за изградбата на оваа црква е Јордан Петрески, работник од Охрид, по потекло од село Црвена Вода.
- Осветувањето и светата Литургија ги водеше Митрополитот Г. Г Тимотеј, заедно со Митрополитите Петар и Стефан.
- По осветувањето, во широкиот црковен двор (широка ливада), беше приреден ручек за сите присутни. Многу од помладите и дечињата го разубавуваа овој необичен и возбудлив пејзаж со живописните народни носии. По ручекот, почна веселба, "на свирките,игрите и песните им немаше крај."