На 20.03.2020г петок денот кога ја читаме третата статија од акатистот на пресвета Богородица нашиот свет храм ќе биде домаќин на чудотворната икона на Богородица Почаевска која е на свештено чување во Пречистанскиот манастир и е верна копија на оргиналната од Почаев - Украина.
Третиот акатист во ова наше мистично патување низ Постот во храмот на Света Троица, нашето благодарење и венец од пофалби кон небесната Војвотка ќе биде пренесен пред образот на една од најпочитуваната икона на Мајката на целиот свет - Почаевската икона, пред која секое утро во Почаевскиот манастир пристапуваат од сите страни на светот поклоници, а во оваа ноќ и нашиот храм ќе се радува со сите благочестиви верници.
Иконата ќе биде пречекана со торжествена литија од пред домот на култура во населбата црногорци (продавницата легенда) до црквата Света Троица во истата населба.
Браќа и сестри од Охрид и пошироко да се собереме на третиот акатист во црквата Света Троица и да и оддадеме достојна почит на Мајката Царица и да се помолиме топло пред неа за добро на нас на нашата држава и црква.
Пречек на иконата 16:30h (продавница легенда)
Тргнување на литијата штом ќе пристигне иконата
Почеток на акатистот 17:00h