Вчеравечер се одржа бдение во чест на Свети Игнатиј Богоносец каде што дел од неговите мошти се наоѓаат во нашиот храм Света Троица.
Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен и за епископ на цркавта во Анатохија. Кога бил дете, Исус го зел во прегратка и на своите ученици им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. А и причината поради која што е наречен Богоносец произлегува од тоа дека Исус го зел во негова прегратка.
Свети Игнатиј настрадал за време на римскиот цар Трајан. По победата над Трачаните и Скитите царот наредил на римските богови да им се принесат жртви сметајќи дека тие му помогнале во борбата да извојува победа. Христијаните одбиле тоа да го направат, особено против тие обичаи биле црковните старешини. Меѓу нив бил епископот Игнатиј.
На 20 декември (според стариот календар) 106 година Светиот свештеномаченик Игнатиј во еден амфитеатар во Рим бил фрлен пред два гладни лава кои го растргнале на очиглед и задоволство на многубројна публика. Се јавувал повеќе пати по смртта, правел чуда и им помагал на сите што ја барале неговата помош.